ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ВО ИДРИЗОВО ОДБИВААТ ПОСЛУШНОСТ, СКОРО ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ СЕ БЕЗ КОНТАКТ СО СЕМЕЈСТВАТА

Осудениците кои се на отслужување на казната во КПУ Идризово од утринава одбиваат послушност. Затворениците веќе три месеци под изговор заради избори, пандемијата па пак избори се ускратени од сите погодности кои им следуваат со закон, јавува Аваз.

Слични информации нашиот портал, доби и од притворени лица за затворот Скопје во населбата Шуто Оризари. Наши извори од таму велат дека бараат средба со директорот на установата за да го покренат прашањето за нивната здравствена безбедност. Како што велат тие, на нив исто така не им се дозволени викенди и се бунат поради фактот дека голем број од командирите се отсутни заради кризата со коронавирусот, а за притворените лица речиси никој не го покренува прашањето.

Веќе повеќе од три месеци на осудените лица им се забранети посетите од семејствата како и користење на други погодности, викенд отсуства, слободни саати, работно ангажирање во фирми, годишни одмори итн.

Осудените лица кои се здобиле со третман и се сместени во полуотворено и отворено оделение денес одбија послушност кон чуварите на затворот. Тие изразија револт кон незаинтересираноста на управата на затворот да изнајде и понуди решенија со разни изговори дека “така е кажано од погоре” и дека они не можеле да сторат ништо.