Заврши јавниот увид во Избирачкиот список
Синоќа на полноќ заврши јавниот увид во избирачкиот список, јавува МРТ. Државната изборна комисија е должна да донесе одлука по барањата на граѓаните во рок од 24 часа. Ако барањето биде одбиено, граѓанинот може да поднесе тужба до Управниот суд, кој исто така одлучува за 24 часа.
Заклучениот список со сите промени што ќе произлезат од јавниот увид ќе биде потпишан од Државната изборна комисија најдоцна до 3-ти октомври.
Утре на полноќ пак, завршува рокот за доставување листи за кандидати за градоначалници и за советници од политичките партии.
