Тројца загинати, двајца повредени во тешка несреќа на експресниот пат Штип- Радовиш
Тројца работници загинаа, а двајца се тешко повредени во сообраќајната несреќа што утринава се случи на експресниот пат Штип-Радовиш, кај мостот на Балталиска Река, во близина на селото Лакавица. Комбето со кое се превезувале работниците излетало од патот.
Лекарите на Итната медицинска помош на самото место констатирале смрт на две лица, а третото било реанимирано, но подоцна им подлегнало на повредите. Повредени се уште еден работник и возачот на комбето.
Според првични информации, загинатите се работници од Бангладеш, ангажирани за струмичка фирма.
