| |

Здружение на граѓани 16 март 2025 година: Да се собереме во Кочани и да им оддадеме почит на жртвите од пожарот во Кранс-Монтана

Кочани оваа сабота ќе оддаде тивка и достоинствена почит на жртвите од трагичниот пожар во Кранс-Монтана, Швајцарија. Наместо традиционалниот „Марш на Ангелите“, кој требаше да се одржи викендов, организаторите од Здружението на граѓани 16 март 2025 одлучија собирот да биде посветен исклучиво на солидарност, сочувство и молк.

Јавниот повик до граѓаните најавува тивка комеморација што ќе се одржи на 10 јануари 2026 година, со почеток во 16:40 часот, во Паркот на Револуцијата во Кочани. Настанот е замислен како симболичен чин на човечка блискост и поддршка кон семејствата кои ја преживуваат болката од загубата.

„Од град што ја носи болката во себе, до мајки и семејства што денес ја живеат истата тишина — да застанеме заедно, без зборови што се мали за ваква загуба“, се наведува во повикот.

Граѓаните се поканети да запалат свеќа и во тишина да оддадат почит, испраќајќи порака дека сочувството не познава граници. Организаторите потенцираат дека тишината е најдостоинствениот начин да се сподели болката и да се покаже солидарност со оние што тагуваат.

Слични Објави