| |

Здружението „Балкански Мост“ – Битола со осуда за нападот врз Владимир Перев

Здружението „Балкански Мост“ од Битола ја изрази својата поддршка кон новинарот и познат македонски Бугарин Владимир Перев кој беше физички нападнат во Скопје. Од здружението го осудуваат нападот и го повикуваат Министерството за внатрешни работи да ги преземе сите неопходни чекори за целосно расветлување на случајот. Во продолжение ви го пренесуваме целосниот текст на реакцијата на „Балкански мост“:

„Здружение „Балкански Мост“ – Битола изразува најдлабока поддршка за новинарот и јавен дејател, македонскиот бугарин Владимир Перев, кој беше физички нападнат во Скопје. Секој обид за насилство врз човек, особено врз лице активно вклучено во јавниот живот, претставува удар врз демократските вредности, слободата на изразување и правото на лична безбедност.

Го осудуваме нападот со најголема можна сериозност и недвосмислено го осудуваме сторителот, без разлика на неговите мотиви или идентитет. Насилството не смее да стане средство за пораснување на каква било општествена, национална или политичка нетрпеливост.

Го повикуваме Министерството за внатрешни работи најитно да преземе сите неопходни активности за:

целосно расветлување на случајот,

идентификација и пронаоѓање на напаѓачот,обезбедување на негова кривична одговорност, согласно законите на Република Северна Македонија.

Истовремено апелираме институциите да обезбедат подобра заштита на лицата кои се изјаснуваат како македонски бугари, особено јавните личности, за да се спречат идни инциденти и да се гарантира општество во кое дијалогот, а не насилството, е единствено прифатлив начин на комуникација.

Здружение „Балкански Мост“ – Битола.“



Слични Објави