| |

Здружението ,,Цар Борис III” и Фондацијата ,,Бугарска памет ” поделија новогодишни пакетчиња на дечињата од здружението ,,Тајните на моето срце “

Здружението на граѓани ,,Цар Борис III” со помош на фондацијата ,,Бугарска памет ” и нејзиниот прв човек д-р Милен Врабевски денеска израдуваа уште дечиња по повод новогодишните и божиќните празници. Претставници на здружението на чело со претседателот Томе Блажески денеска ги посетија дечињата од здружението ,, Тајните на моето срце” и им поделија новогодишни пакетчиња.

,,Денеска израдувавме уште едни мали душички, дечињата од здружението ,,Тајните на моето срце”. Благодарение на фондацијата ,,Бугарска памет ” и д-р Милен Врабевски им подаривме детски пакетчиња. Договориме уште една средба за почеток на соработка и помош за децата со посебни потреби”, стои во објавата на здружението ,,Цар Борис III” на нивната официјална Facebook страна.

Здружението на родители на деца со посебни потреби ,,Тајните на моето срце”, им додели благодарница на претставниците на здружението ,,Цар Борис III”.

Слични Објави