ЗДРУЖЕНИЕТО „ROMANOA VAZI“ ПРОТЕСТИРА ПРЕД ИТАЛИЈАНСКАТА АМБАСАДА ВО СКОПЈЕ

//

Членови и симпатизери на здружението „Romanoa Vazi“ што се бори за правата на Ромите протестира пред италијанската Амбасада во Скопје. Учесниците во протестот истакнаа пред нашата екипа, дека протестираат против политиката што ја води новата Влада во Италија, кон Ромите.

Во изјава за нашиот портал еден од учесниците изјави дека министерот за внатрешни работи на Италија Матео Салвини, кој доаѓа од редовите фашистичката партија, најавил создавањето на посебен регистар за Роми, и тие кои немаат италијански документи ќе бидат депортирани.



Нашиот соговорник ни раскажа и за неколку немили настани поврзани со палење на ромски кампови во Италија, и вооружени напади врз Роми во Рим.

Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: ЗОРАН ЗАЕВ ПОВТОРНО ЈА ЛАЖЕ ЈАВНОСТА ЗА ШТЕТНИОТ И КАПИТУЛАНТСКИ ДОГОВОР СО ГРЦИЈА

Следна статија

СИТЕ ПРАШАЊА ЗАСЛУЖУВААТ ОДГОВОР

Најново од Вести