|

ЗЕКИРИ: „ДУИ Е КАРЦИНОМ, МОРА ДА ОДИ ВО ОПОЗИЦИЈА“

„Крајно време е албанската опозиција да се обедини и да и го зададе последниот удар на Демократската унија за интеграција со испраќање во опозиција“, вели во интервју за косовскиот медиум „Косова Прес“, потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири.

„ДУИ е карцином на општеството и веќе ги тера Албанците да изберат да избираат други луѓе што ќе ги претставуваат во институциите. СДСМ не ја исклучува можноста за преговори со албанските партии пред изборите“, додава Зекири.

Според потпретседателот на СДСМ, ДУИ е подеднакво виновна како ВМРО-ДПМНЕ за лошото владеење во минатото.  

Слични Објави