| |

Зеленски: Добивме противвоздушен систем „Патриот“ од Израел

Украинскиот претседател Володимир Зеленски откри дека Украина добила противвоздушен систем „Патриот“ од Израел, кој веќе е во функција еден месец, јавува БНР. Според него, оваа есен земјата очекува уште две вакви системи од своите сојузници. Зеленски беше дециден дека доколку Русија се заканува со прекин на електричната енергија кон Киев, тогаш и Москва треба да се подготви за сличен одговор.

Во изминатите месеци, Украина значително ги зголеми нападите со дронови на руска територија. Денеска Киев соопшти дека е погоден нафтен објект оддалечен 1900 километри од фронтот.

Оваа недела, американскиот претседател Доналд Трамп го заостри тонот кон Русија. Според Зеленски, тоа се должи на фактот дека „е грешка да зборуваш цивилизирано со нецивилизирани земји“.

Слични Објави