|

Зеленски и Трамп се слушнале телефонски по посетата на Виткоф во Москва

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, разговарал телефонски со американскиот претседател Доналд Трамп и неколку европски лидери, по посетата на специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, во Москва, јавува БГНЕС.

„Овој разговор се одржа по посетата на претставникот на претседателот Трамп, Стив Виткоф, во Москва“, објави Зеленски на платформата Х. Тој додаде дека во разговорот учествувале и европски партнери. „Нашата заедничка позиција е јасна – војната мора да заврши. И тоа мора да се случи на праведен начин“, изјави Зеленски.

Трамп претходно предупреди дека, доколку Русија не се согласи да ја прекине војната во Украина до 8 август, САД ќе воведат секундарни царини кон земјите кои купуваат руска нафта.



Слични Објави