Зеленски им се заблагодари на Борисов, Петков и Пеевски за поддршката за Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се заблагодари на лидерите на ГЕРБ Бојко Борисов, „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ Кирил Петков и ДПС Дељан Пеевски за поддршката за Украина. Според него, одлуките донесени од трите парламентарни партии биле од исклучителна помош за Киев. Борисов, Петков и Пеевски беа во зградата на Народното собрание каде што остварија видео конферecиска врска со Зеленски. Ова го објави лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов на социјалната мрежа Facebook.
Украинскиот претседател им се заблагодари на Борисов, Петков и Пеевски за нивните напори да го поддржат Киев, и покрај некои тешкотии во Бугарија.
„Ви благодарам што вашата коалиција што ги поддржува евроатлантските вредности ја поддржува проевроатлантска Украина и вие сте на наша страна“, изјави претседателот Володимир Зеленски, цитиран од прес-центарот на Националното собрание.
Кирил Петков изјави дека Киев може да смета на поддршката од Софија. Ова го изјави и Дељан Пеевски. Тој увери, дека „ние правиме максимални напори, и покрај огромното противење на некои проруски кругови во Бугарија, да продолжиме да даваме максимална поддршка за вашата земја“.
Бугарија ќе продолжи да ги поддржува Украина и нејзиниот народ заедно со целата демократска заедница. Иднината на Киев е во Европската унија и НАТО, изјави лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов.
За време на разговорот со претседателот Зеленски, тројцата лидери ветија дека проатлантското мнозинство во бугарскиот парламент ќе продолжи да ја поддржува Украина и во иднина.
