|

Зеленски: Русија подготвува државен удар во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека Русија се обидува да ја дестабилизира ситуацијата во Украина со предизвикување хаос во земјата.

Во изјава за „Блумберг“ тој изрази загриженост за внатрешната стабилност и безбедност на Украина, во околностите на актуелниот конфликт со Русија.

Според него, Русија подготвува операција наречена „Мајдан 3“, со цел да предизвика државен удар во Украина.

„Нашата разузнавачка служба има такви информации, кои дојдоа и од нашите партнери“, рече Зеленски, пренесува „Унијан“.

Терминот „Мајдан“, по централниот плоштад во Киев, се однесува на серија протести што се одржаа во Украина во 2013 – 2014 година, а што доведе до промена на власта и соборување на прорускиот поранешен претседател Виктор Јанукович.

Слични Објави