|

Зеленски: Се подготвува нов бран на агресија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија планира нов бран на агресија и оти почетокот на тој бран веќе се гледа во Донбас.

– Русија се подготвува за нов бран на агресија со мобилизирани сили. Окупаторите веќе го зголемуваат притисокот во Бахмут, Вухледар и на други правци, рече Зеленски.

Тој додаде дека руските сили сакаат уште повеќе да го зголемат притисокот.

– За да не признаат грешката, руските власти сакаат да уфрлат повеќе свои луѓе и опрема во борбата, рече Зеленски.

Извор: Zoom. mk

Слични Објави