Земјите од Западен Балкан ќе добијат повеќе од 1 милијарда евра европски пари

//

Претседателот на парламентарната комисија за надворешна политика на бугарскиот парламент, Џема Грозданова изрази надеж дека до 2025 година Европската унија може да се зголеми со уште три земји-членки.

“Новото во оваа стратегија на ЕУ е дека оваа година парите за Западен Балкан се над милијарда евра, како има можност за давање на уште средства, нешто што досега не се случило. Односно, има приоритет во оваа област. Нашиот приоритет за земјите од Западен Балкан  до крајот на годината е транспортното поврзување и дигитализацијата, кои се утврдени како две одделни точки “, коментира Грозданова.

Тоа е во фокусот на стратегијата за проширување на ЕУ кон Западен Балкан, која беше изнесена вчера. Грозданова коментира дека една од целите на стратегијата е да се воведе геополитички баланс во регионот, за да се ограничи влијанието на Русија и Кина. Таа додаде дека Бугарија не треба да се меша во спорот за името меѓу Македонија и Грција.
Грозданова коментираше дека проблемите меѓу Србија и Косово мора да бидат решени за да можат да продолжат на патот кон европската интеграција.



Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски – Палмер во Стејт Департмент: Потврдени сојузништвото и пријателството со САД

Следна статија

Груби ја започна посетата на САД со конгресмените Прајс и Висколски

Најново од Вести