Земјотрес со јачина од 5,7 степени го погоди Перу
Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот брег на Перу, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).
Земјотресот се случил на длабочина од 68 километри и на околу 200 километри југоисточно од градот Ица.
Засега нема информации за повредени или евентуална материјална штета.

