Земјотрес со јачина од пет степени во Словачка: „Цела куќа се мрдаше, како да сум на брод“
ЕВРО-медитеранскиот сеизмолошки центар (EМСЦ) соопшти дека Словачка е погодена од земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот бил на 18 километри северозападно од градот Хумен, на длабочина од 10 километри. Сведоците во ЕМСЦ опишаа како тоа изгледало.
„Првиот земјотрес во мојот живот, многу чудно и страшно чувство. Таванот почна да пука“.
„Како да почна да се лизга куќата. Првин помислив дека авионот ја пробил звучната бариера, па прозорците почнаа да вибрираат, но наеднаш се чинеше дека целата куќа ја погоди некаков бран. Тоа траеше 3-4 секунди“.
„Никогаш не сум го почувствувал ова. Целата куќа се движеше, како да сум на брод. За среќа, таму немаше штета“.
„Креветите и масите ни се тресеа“, се некои од коментарите.