Земјотрес во Хрватска со јачина 5,5 степени по Рихтер
Земјотрес во Хрватска регистрираа апаратите на Светската метеоролошка организација.
Според првичните информации, епицентарот на земјотресот е во близина на Пула, кај островот Крк, а јачината на потресот, кој е регистриран во 10.47 часот, е 5,5 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за настанати штети и евентуални жртви.