ЗЕМЈОТРЕС ВО ИСТОЧНА ТУРЦИЈА
Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја потресе денес источна Турција.
Потресот е регистриран во турската област Агри во 08:57 часот по локално време на длабочина од околу седум километри, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
Засега нема јавувања за загинати.
Турција е меѓу најсеизмички активните зони во светот.
Во октомври минатата година, во силен земјотрес кој ја погоди егејската област Измир, загинаа најмалку 116 лица, а беа повредени повеќе од 1.000 лица.