| | |

(Видео) Две ученички од Бугарија организираа маратон во знак на сочувство со болните од рак

По повод „Светскиот ден за борба против ракот“, две ученички од Американскиот колеџ во Софија организираа маратон во Борисовата градина во бугарскиот главен град. Мила и Богдана Брешкови вчера го организираа настанот со апел до генерацијата Z таа да покаже дека и младите се полноправни граѓани на општеството и да покажат емпатија кон луѓето кои се борат со подмолната болест.

„Родителите ни помогнаа неверојатно и ние сме им многу благодарни, нашите соученици беа одлични и неверојатно помогнаа во ширењето и сите навистина покажаа дека се сочувствителни кон нашата идеја и кон луѓето кои се борат со оваа болест. Откривме дека помладата генерација е исполнета со благодарност за силниот дух на сите оние кои се борат“, споделија двете девојки пред Actualno.com.

Учесниците на маратонот поминаа 5 километри низ алеите на Борисовата градина, а самиот маратон започна пред националниот стадион „Васил Левски“.



Слични Објави