ЗЕНДЕЛИ: НАСТАПОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БЕШЕ ИЗБАЛАНСИРАН
Избалансиран настап во кое ги опфати сите отворeни прашања кои ги имаме, особено во делот на правната држава. Вака го оцени обраќањето на претседателот Стево Пендаровски пред пратениците, Фадил Зендели од Беса.
„Ги опфати сите проблеми кои ги мачат граѓаните и од порано, но и од сегашната власт, посебно од правниот систем од кој сите во државата имаме проблеми. Тој истакна дека сме држава која 30 години имала афери и обвинети функционери, но нема ниту еден кој завршил зад решетки“, рече Зендели.
– Секако треба да се поздрави настапот на претседателот на државата, но и да се има предвид дека тој е краток период на функција. Секако во следниот период би требало да видиме и многу други иницијативи, кои според мојот впечаток, би требало да бидат во насока на тоа што тој треба да претставува – претседател на сите граѓани без разлика на етничката, национална и друга припадност – рече Зендели.

