ЖЕНА ОД ШПАНИЈА ЗАРАЗЕНА СО КОВИД-19 РОДИ ЗДРАВО ДЕТЕ, НО СЀ УШТЕ НЕ МОЖЕ ДА ГО ДОПРЕ БЕЗ РАКАВИЦИ
Државјанка на Шпанија заразена со коронавирус, родила здраво машко дете. Сега се заедно, но таа не смее да го допре ниту нејзиниот сопруг ни малечкото без ракавици, сè до крајот на карантинот.
Ванеса Муро и нејзиниот сопруг дознале за нејзината зараза на 12 март. Потоа веднаш била пренесена во мадридската болница „Ла Паз“, а лекарите решиле да се направи царски рез следниот ден.
Мајката раскажува пред шпанските медиуми дека се чувствувала ужасно, кога и рекле дека не може да си го допре детето. Дополнително ја вознемирил фактот дека сопругот не можел да биде до неа во овие моменти и акушерите кои биле целосно покриени со скафандери.
По 48 часа во карантин, Муро била пуштена дома. Но, бебето е задржано на одделот за неонатологија. Таткото, кој не е заразен, го добил малечкото дури по 10 дена.
Иако минале 14 дена од карантинот, поради недостаток на тестови, не може да се потврди дали таа или било кој од нејзиното семејство сѐ уште се носители на вирусот. Поради таа причина мајчината прегратка без заштита, ќе почека уште некое време.
