ЖИВЕЈТЕ ГО СЕКОЈ ДЕН КАКО ДА ВИ Е ПОСЛЕДЕН!

Тажните мисли честопати можат да се распрснат и да ни ја изменат перспективата на нештата. Понекогаш се лепат за нас како смола, ни ја удвојуваат тежината на душата, не слабеат психички и многу тешко се оттргнуваме од меланхолијата. Вистина, во вакви моменти светот ни изгледа многу ладно , непријателско место кое никогаш немало разбирање за нас. Но, сето тоа е далеку од вистината…. Во ваква состојба на умот губиме реална перспектива за позитивноста, работи во кои уживаме кога животот ни е убав и исполнет. И во најлошите моменти треба да се потсетиме на некои работи кои се апсолутна вистина и секоја следна реченица ќе откине дел од лошото расположение:

– Секогаш некому и некаде ќе му бидеш центар на светот.
– Вашата насмевка може некого да направи среќен, иако не му се допаѓате.
– Секоја вечер пред спиење некој мисли на вас.
– Оној на кој не му се допаѓате, најчесто сака да биде како вас.
– Секој еден од нас на светот има барем двајца кои животот ќе го дадат за вас.
– Во просек најмалку десет луѓе ве сакаат на различен начин.
– Животот е премногу краток за секое утро да се будите со грижа на совеста и поглед полн со омраза.
– Затоа сакајте ги луѓето кои се добри со вас и на оние кои не ве сакаат покажете им дека светот е поубав ако сакаат и простуваат, бидејќи ништо не се случува без причина.
– И кога ќе ги направите најголемите грешки во животот, извлечете си поука, бидејќи секое лошо е за некое добро.
– Кога имате чувство дека светот е против вас, погледнете од друга перспектива и ќе видите дека и не е баш така. Само не дозволувајте светот да ве менува, бидете вие тие, кои ќе го променат светот.
– Запомнете: кога животот ќе ви понуди втора шанса тоа е единствената и вистинската.
-Добиете ли нова шанса, зграбете ја, тоа ќе ви го промени животот. Оставете ги да се случуваат.
– На ниту еден од нас животот не му е лесен, секој го носи сопствениот крст. Затоа живејте го секој момент, секој ден како да ви е последен. Живејте и уживајте во животот, бидејќи само животот нема реприза.

Автор: Фросина Китановска



Слични Објави