ЗИМСКА БОМБА ВО ЛОНДОН: МУРИЊО НОСИ ЕКСТРА ЗАСИЛУВАЊЕ ОД РЕАЛ МАДРИД

Зимскиот преоден рок почнува наскоро, а една од главните приказни ќе биде можниот трансфер на Герет Бејл, кој според англиските медиуми би можел да се врати во Премиерлигата, односно во неговиот поранешен клуб Тотнем.

Тренерот Жозе Мурињо, наводно, подготвувал зимска бомба и враќање на Бејл во Лондон, а во таквата операција Португалецот планира да го вклучи Кристијан Ериксен плус 30 милиони евра.

Данецот е голема желба на Реал, а Мурињо не смета на неговите услуги, па токму поради тоа би можел да се случи евентуалниот трансфер на Бејл во Тотнем, односно Ериксен во Реал.

Бејл сака да се врати назад, а така Мурињо ќе добие квалитетен фудбалер во продолжение од сезоната.

Извор: Спорт1

Слични Објави