ЗИМСКИ ВОЗЕН РЕД ЗА АВТОБУСИТЕ НА ЈСП
Од денеска автобусите од јавниот превоз сообраќаат по вообичаениот зимски возен ред, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие.
Во изминативе три недели, поради ученичкиот зимски распуст, возниот ред беше редуциран.
Од денеска, автоматски продолжува и важноста на ученичките средношколски бесплатни билети за користење на јавен превоз.
