| |

ЗОРАН МИЈАЛКОВ ДО МИЦКОСКИ ЗАЕВ И АХМЕТИ: ПРЕКИНЕТЕ ДА СЕ СЛИКАТЕ СО НАШИТЕ ДЕЦА- СРАМОТА Е!!!

„Кога можете да се организирате и едногласно да изгласате некои работи во ваш интерес, имајте доблест и душа да изгласате за нашите деца, да се направат рехабилитациски центри, да се донесат закони што ќе биде со нашите деца по нашиот живот, што ќе биде со нашиот имот, да имаме системски решенија за нашите деца…“- им порача на политичарите, штипјанецот Зоран Мијалков, татко на две деца со аутизам.

Во својата порака до Мицкоски, Заев и Ахмети, Мијалков замоли да ги посетат фамилиите на децата со посебни потреби.

„Ве замолувам пак да бидете наши гости. Ако видете дека бараме преку леб погача, ќе прекинеме со борбата. Ако мислете дека имаме супер живот и бараме нешто плус…“- вели револтираниот татко

Мијалков ги замоли политичарите да не се сликаат со нивните деца бидејќи е срамота.
„И ќе ве замолам, прекинете да се сликате со нашите деца! Дојдете, гушнете ги, играјте си со нив, но прекинете да се сликате! Напишете како изјава до јавноста дека сте посетиле некој центар, сте си играле со децата, ве гушнале, ама не објавувајте слики, луѓе! Срамота е веќе“ – порача таткото.

Слични Објави