ЗОШТО ДЕБЕЛИНАТА МОЖЕ ДА БИДЕ ФАТАЛНА АКО СЕ ЗАРАЗИТЕ СО КОВИД-19?
Дебелите луѓе дефинитивно потешко го поднесуваат ковид-19 бидејќи нивната тежина значително го оштетува имунитетот, отколку кај луѓето кои не се дебели, според новите студии, јавува Плусинфо.
Истражувачите од Универзитетот во Мичиген откриле дека луѓето кои имаат посериозен вишок на тежина имаат поголема веројатност да добијат посериозни симптоми на коронавирусот.
Главната причина е што прекумерната тежина значи дека нивниот имунолошки систем е постојано под притисок и работи на повисоки нивоа од луѓето со нормална тежина. Високо ниво на маснотии и шеќер во крвта може да предизвика оток во крвните садови и органите, што дополнително ја влошува ситуацијата ако некое лице се зарази со вирусот ковид-19.
Д-р Дурга Сингер од Универзитетот во Мичиген, кој е и автор на студијата, рече дека макрофагите, еден вид бели крвни клетки кои се поактивни кај дебелите луѓе, може да доведат до потешка форма на коронавирусот, поради тоа на дебелите луѓе им се препорачува веднаш да ја сменат својата исхрана, како и да ја намалат својата тежина.
И други инфектолози претходно потенцираа на тоа зошто дебелите луѓе и дијабетичарите се најзагрозената група на луѓе кои можат да развијат тешки симптоми предизвикани од инфекција со коронавирусот.

