ЗОШТО СЕ УШТЕ Е БЛОКИРАН СООБРАЌАЈОТ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ?
Помала група демонстранти од вчера сé уште го блокира сообраќајот низ центарот на Скопје поставувајќи тенди и картонски кутии на крстосницата пред собранието на Република Македонија. Почитувајќи го правото на протест полицијата го пренасочува сообраќајот меѓу крстосниците кај црвениот крст и деловниот центар Палома Бјанка. „Трибуна“ ја прашува полицијата: Зошто не се преземат мерки и истите импровизирани „блокади“ поставени од страна на демонстрантите, не се тргнат за да може сообраќајот да се одвива нормално?
