10,7 ОТСТО ОД ФИРМИТЕ НЕ УСПЕАЛЕ ДА ИСПЛАТАТ ФЕВРУАРСКА ПЛАТА
Катастрофални се податоците што ги презентираше УЈП во однос на исплатата на февруарска палата. Дури 10,7 отсто од фирмите, вклучувајќи ги и самостојните вршители на дејност, не успеале да им дадат плата на вработените, информираше директорката на УЈП, Сања Лукаревска. Таа рече дека за февруари се прифатени 63.948 ПИН пресметки од компаниите и самостојните вршители на дејност, но 6.888 немаат исплати на плата.
– Заега испратени се само опомени. УЈП има предвид дека финансиската помош за февруари не стигна, а дека компаниите тоа го планираа. Затоа, уште еднаш апелирам што поскоро да се донесат законите од петтиот економски пакет. Помина и март, а помош треба да се дава и за мартовска плата – рече Лукаревска.