Браната „Валтата“ кај селото Самуилово во близина на Петрич-рај за риболовците
Браната „Валтата“ е една од туристичките атракции кај селото Самуилово во близина на градот Петрич во Бугарија, јавува Пиринско.
Локалните жители одамна го исчистија, проширија и израмнија патот што води до акумулацијата, бидејќи се повеќе љубители на риболовот доаѓаат од цела Бугарија. Браната ја користат се повеќе туристи од земјава и странство за спортски риболов и стана едно од најпогодните места за рекреација и риболов во Југозападна Бугарија. Има и капацитети за риболовците и нивните семејства – базен, ресторан, градина, тераса и бар. Кампот располага со бесплатен паркинг и бесплатна WiFi конекција.
Браната која се наоѓа на 11 километри од градот Петрич, нуди уникатна комбинација на природни убавини и модерни погодности. Достапни се различни опции за сместување, вклучувајќи вила за 8 лица и неколку бунгалови.
„Условите за спортски риболов на браната се совршени. Резервоарот е полн со пастрмка, крап, бел крап, сом, а има и трофејни риби кои тежат меѓу 10 кг и 30 кг. Во околината се изградени и работат бар, летен бар со базен, ресторан, летна бавча, бунгалови. Допрва ќе го развиваме овој вид туризам“, вели градоначалникот на село Самуилово – Кирил Стојанов. Секоја година акумулацијата се порибува со сом, крап и бел крап.
Градоначалникот уверува дека во браната ќе се организираат натпревари меѓу рибари од Бугарија, Грција и Северна Македонија. Меѓународниот натпревар ќе стане традиционален и секоја година ќе носи домашни и странски љубители на риболов.