11 март – Празник на бугарските ракетни сили и артилерија
На 11 март бугарската армија го одбележува Празникот на бугарските ракетни сили и артилеријата. Датумот е поврзан со една од најзначајните победи во бугарската воена историја – заземањето на Одринската тврдина во март 1913 година за време на Балканската војна, јавува Инфоцентарот на бугарското Министерство на одбраната.
Одринската операција се смета за една од најуспешните опсадни операции на почетокот на ХХ век и пример за ефикасна употреба на артилеријата. Победата е резултат на прецизно планирање, висока борбена подготовка и координација меѓу различните родови војска, при што клучна улога имала бугарската артилерија.
Во решавачката фаза на штурмот во зоната на пробивот биле концентрирани повеќе од 100 артилериски орудија кои со часови воделе интензивен и прецизен оган, што овозможило брзо совладување на одбраната и заземање на тврдината.
Од 1992 година, со наредба на министерот за одбрана, 11 март официјално се одбележува како Празник на бугарските ракетни сили и артилерија.
