117 ГРАЃАНИ УПАТЕНИ ВО ИЗОЛАЦИЈА ПОРАДИ КОНТАКТ СО ЗАБОЛЕН ОД КОРОНА ВИРУС
Сто и седумнаесет граѓани во последното деноноќие биле упaтeни во изолација поради примарен контакт со заболено лице од коронавирус или ризик од евентуално заболување, соопшти МВР.
„На 102 лица им се издадени решенија за изолација, а 15 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација“, информираа од полицијата.
Забраната за движење односно полицискиот час делумно се почитувал бидејќи во последните 24 часа се затекнати 75 лица надвор од своите домови. Педесет и деветмина се приведени а на останатите им се земени податоци и ќе биде поднесена пријава.

