| |

118 години од основањето на Военото разузнавање на Бугарија

Пред 118 години е создадено Военото разузнавање на Бугарија. На 12 јануари 1908 година кнезот Фердинанд I издава указ за формирање разузнавачка секција во Штабот на армијата, пишува БГНЕС.

Од самиот почеток, покрај човечкото разузнавање, се користат и технички средства. За време на Балканските војни (1912–1913) бугарската армија располага со 29 авиони за извидување и фотографирање, а уште во 1912 година се појавуваат и првите елементи на радиотехничко разузнавање.

До средината на XX век не постои специјализирана школа за разузнавачи, но офицерите се школувани на најелитните европски воени академии. Извештаите на воените аташеа пред Балканската војна откриваат прецизни информации за плановите на големите сили.

По Нојскиот договор од 1919 година, на Бугарија ѝ е забрането да има воено разузнавање. Службата продолжува да постои тајно под називот „1Б“ до Солунскиот договор од 1938 година.

Военото разузнавање секогаш дејствува надвор од границите на земјата. Во периодот 1941–1944 година, и покрај забраните, се собираат податоци за Вермахтот, кои подоцна имаат клучно значење при подготовката за војната против нацистка Германија во септември 1944 година.

По 1945 година следуваат чистки и реорганизации. За време на Студената војна започнува развојот на стратегиско разузнавање и активности во Блискиот Исток и подалечни региони, често по барање на советското ГРУ.

Главен објект на разузнавање за Бугарија е НАТО, при што приоритет се Турција, Грција и Италија. Во 60-тите и 70-тите години се создава стабилна и комплексна структура со повеќе од 20 оддели, вклучувајќи и електронско разузнавање.

Клучен момент е 2000 година, кога службата е извадена од Генералштабот и е префрлена под раководство на министерот за одбрана. Во 2015 година за првпат е донесен посебен закон за Военото разузнавање.

По трагедијата во Кербала, станува јасно дека Бугарија мора да се потпира и на сопствени разузнавачки капацитети. Оттогаш, во сите мисии со бугарско присуство – Ирак, Авганистан, Босна и Косово – на терен дејствуваат и претставници на бугарското Воено разузнавање за заштита на контингентите.



Слични Објави