| |

147 години од создавањето на дипломатската служба на Кнежеството Бугарија

Бугарското Министерство за надворешни работи ги поздрави бугарските дипломати и службеници на министерството, по повод 19 јули- Денот на бугарската дипломатска служба.

„Честит Ден на бугарската дипломатска служба!

На овој ден им оддаваме заслужено признание на професионалноста, одговорноста и посветеноста на бугарските дипломати и на вработените во дипломатската служба. Со својата работа тие придонесуваат за зацврстување на угледот на Бугарија на меѓународната сцена.

Им посакуваме здравје, успеси и инспирација во извршувањето на нивната одговорна мисија!

Честит празник празник!“, стои во објавата на бугарското МНР на социјалната мрежа Facebook.

На 19 јули 1879 г. се создава првата самостојна структура, задолжена за надворешните односи на Кнежеството Бугарија, со што биле поставени темелите на современата бугарска дипломатија.

Од своето основање до денес, бугарската дипломатска служба ги штити националните интереси, ги развива односите на земјата со други држави и меѓународни организации и работи на зајакнување на меѓународниот углед на Бугарија. Нејзината дејност опфаќа политичка соработка, економска дипломатија, заштита на бугарските граѓани во странство и учество во решавањето регионални и глобални прашања.



Слични Објави