ШЕСТМИНА МИГРАНТИ ПРОНАЈДЕНИ МРТВИ НА ГРЧКО-ТУРСКАТА ГРАНИЦА

Шестмина мигранти починале од студ во регионот Еврос, на грчко-турската граница, во периодот од четврток до недела, соопшти синоќа паталогот во болницата во Александропулос Палос Павлидис.


Пред новинарите тој изјави дека меѓу починатите се две жени и четворица мажи, на возраст меѓу 18 и 30 години. Починатите мигранти немале документи па идентификацијата е отежната.