Бугарија ги совлада САД и се доближи до финалето во Лигата на нации
Одбојкарската репрезентација на Бугарија ја совлада селекцијата на САД со 3:1 (27:25, 22:25, 26:24, 25:18) пред повеќе од 5.000 гледачи во Чикаго и направи важен чекор кон пласман на завршниот турнир во Лигата на нации во Нингбо, Кина, јавува БГНЕС.
Избраниците на Џанлоренцо Бленџини се шести на табелата со седум победи, четири порази и 20 бода. Последниот натпревар ќе го одиграат против олимпискиот шампион Франција, ноќта меѓу 19 и 20 јули, на полноќ по бугарско време.
Бугарија може да се пласира и со пораз доколку Турција загуби од Иран или Украина од Германија во последното коло. САД, кои веќе обезбедија пласман во Нингбо, се четврти со осум победи, три порази и 25 бода.
