ГЕРМАНСКИОТ АМБАСАДОР ВО ПРИШТИНА: ГЕРМАНСКО-ФРАНЦУСКИ НОН-ПЕЈПЕР, ОБЈАВЕН ОД КОХА ДИТОРЕ, Е ЛАЖНА ВЕСТ
Германскиот амбасадор во Приштина, Јорн Роде, денеска негираше дека Берлин стои зад таканаречениот „нон-пејпер“ според кој Белград и Приштина меѓусебно ќе се признаат и ја оквалификува таа информација како – лажна, јавува Слободен печат.
Роде на тој начин реагираше на својот Твитер на пишувањето на Коха дека весникот имал увид во тој неофицијален документ, кој наводно го подготвиле Германија и Франција.
-Таканаречениот германско-француски нон-пејпер, објавен од Коха Диторе, е лажна вест. Можеби има таков документ, но тој сигурно не е германско-француски, наведе германскиот амбасадор.