Седумнаесет лица загинаа, а други 20 се повредени откако минибус со мигранти се преврте во турската источна провинција Ван, соопшти гувернерот на провинцијата Мехмет Емин Билмез, цитиран од државната агенција Анадолија.
Турските медиуми известуваат дека пренесува дека минибусот со мигрантите се спуштал по рид и влетал во река во близина на населбата Ерчек, во областа Ипекиолу, на околу 60 километри од границата со Иран.
Според официјални извори возачот на минибусот е меѓу загинатите, а повредените веќе се наоѓаат во неколку од најблиските до местото на трагедијата болници.
ВНИМАНИЕ ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО!!!