|

15 нови изданија од едицијата ,,Најзначајните вредности на културното и природното наследство на Република Македонија“

Управата за заштита на културното наследство, има чест да ве покани на промоција на 15 нови изданија од едицијата ,,Најзначајните вредности на културното и природното наследство на Република Македонија“, која ќе се одржи на 28 февруари 2018 година (среда) во Археолошкиот музеј на Македонија во Скопје, со почеток во 12:00 часот. На овој настан ќе бидат промовирани следните наслови на македонски јазик: Црквата Св.Богородица – Матејче; Црквата Св.Богородица Елеуса – Вељуса; Керамичките рељефни плочи од Виница; Маркови кули, Варош – Прилеп; Таор (Антички населба Tauresium); Баргала; Манастирот Трескавец; Тумба Маџари, археолошки локалитет и неолитско село; Црквата Св.Ѓорѓи во Курбиново и Муниципиј Стобенсум.

Со овие нови 15 изданија, Управата за заштита на културното наследство заокружува бројка од досега објавени 45 наслови од оваа едиција, сè со цел, збогатување на библиографскиот фонд за културните и природни добра од нашата земја и нивно приближување до јавноста, домашна и меѓународна.

Присутните на настанот ќе имаат можност да го проследат и настапот на камерниот хор „Херувими“ од Скопје, кој, под диригентската палка на Мирјана Павловска-Шулајковска, ќе изведе творби од византиската традиција од македонски автори.

Овој настан е во рамките на годишната програма на Управата за заштита на културното наследство за одбележување на Европската година на културното наследство 2018, која се спроведува под слоганот „Нашето наследство – Европска вредност!“ и мотото „Кон споделена одговорност за заштита на културното наследство“.



Слични Објави