ВИСТИНСКИОТ БРОЈ НА ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУС ВО БРИТАНИЈА ЗА 40 ПРОЦЕНТИ ПОГОЛЕМ

/

Вистинскиот број на смртни случаи од коронавирус во Велика Британија е 40 проценти поголем од дневните податоци кои владата ги давала до 10 април, покажуваат денешните податоци, кои го вклучуваат бројот на смртни случаи во заедниците.

Канцеларијата за национална статистика соопшти дека забележала 13.121 смртни случаи до 10 април во Англија и Велс, кои опфаќаат поголем дел од британското население, во споредба со 9.288 на основа на податоците кои ги пружила владата, за починати во болница.

Според последните податоци од болниците за починати објавени вчера, во Британија починале 16.509 луѓе, пренесува Ројтерс.
Доколку податоците за Велика Британија се намалени за ист процент, тоа би значело дека бројот на смртни случаи во целата земја би можел да биде над 23.000, што би ја ставило Британија на второто место во Европа, после Италија.

Податцоите го вклучуваат и бројот на починати во домовите за стари и болни лица и се базираат на посмртниците во кои се наведува дека причина за смртта бил Ковид-19.



Извор: Макфакс

Претходна статија

СЛОВЕНИЈА: НАД 1.000 НОВИ ТЕСТИРАЊА ЗА КОРОНА ВИРУС, САМО ДЕВЕТ НОВИ СЛУЧАИ

Следна статија

ДОБРА ВЕСТ: САМО 7 НОВОЗАРАЗЕНИ И 24 ИЗЛЕКУВАНИ ПАЦИЕНТИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 24 ЧАСА

Најново од Вести

(Фото) Вандалски акт или фотошоп- кој успеа да избрише буква од името на македонистичкиот клуб во Благоевград, напишано од внатрешната страна на излогот на клубот?!

Организацијата „Нов Асном“ денеска преку соопштение испратено до медиумите во РС Македонија се обиде да направи