РОЧИШТЕТО ЗА „ТВРДИНА 2“ НЕ СЕ ОДРЖА
Судењето за случајот „Тврдина 2“ на СJO не се одржа бидејќи предметот треба да биде распределен на друг судија, откако судијката Гордана Спиревска минатата недела беше избрана за член на Судскиот совет. Во случајот „Тврдина 2“, првообвинет е екс-началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, и шест вработени во УБК. На обвинетите им се суди за фалсификување службена исправа и за уништување службена документација поврзано со незаконското прислушување.

