23-годишно момче од Македонија уапсено во Хрватска, со нож се обидело да убие едно, а повредило четири лица

/

Окружниот обвинител на Обвинителството во Вараждин, Хрватска, донесе решение за истрага на 23-годишно момче од Македонија кој пред неколку ноќи во центарот на овој град се обидел да убие едно лице, а повредил уште четворица. На осомничениот, како што пренесува индекс.хр,  му се заканува казна затвор во траење од 5 години.

Инцидентот се случил на 28 април во 3 часот по полноќ кога Македонецот со два убоди од нож на сред улица му нанел отворена рана на стомакот со внатрешно крварење на едно лице.

Исто така, постои основано сомнение дека во истата прилика на други четири жртви им нанел повеќе убодни рани и расекотини и им нанел телесни повреди, се вели во обвинението.

На младиот човек му е одредена мерка притвор поради опасност од повторување на делото, опасност од бегство и опасност од влијание врз сведоци во текот на истрагата.



На Македонецот ќе му се суди за две кривични дела и може да добие затворска казна до пет години. Тој моментално се наоѓа во истражен затвор.

Извор: Zoom . mk



Претходна статија

Скок од 33 места на најновиот индекс на слободата на медиумите, но се уште сме во група на проблематични земји

Следна статија

СДСМ: Мицкоски се загуби, наместо да се извини за криминалите на Груевски, тој се мачи да го оправда

Најново од Вести