25 ПОВРЕДЕНИ МИГРАНТИ ВО ПРЕВРТЕН КАМИОН
На патот Свети Николе – Куманово,кајселото Градиште, полицијата пронајде излетан камион со бугарски национални ознаки со 25 мигранти. Сите 25 лица билеповредени – 15 од Авганистан, 9 од Пакистан и еден од Ирак. Седумина од нив се малолетници.Повредените се префрлени во болница во Куманово.
Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера претпладне. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Полицијата се сомнева дека групата мигранти влегла нелегално во државава од Грција.
