ГОРДАНА ВИНЧИЌ И ИГОР ЉУБОВЧЕВСКИ-ЉУБАЦ ИЗЛОЖИЈА СВОИ ДЕЛА НА ИЗЛОЖБАТА „ЖЕНИ И ВИНО-ВИНО И ЖЕНИ“ ВО СОФИЈА

Истакнато Култура

Ликовните уметници Гордана Винчиќ и Игор Љубовчевски – Љубац се представија со свои дела во Софија, како дел од интернационалната изложба ”Жени и вино – вино и жени”.

Културниот настан во организација на бугарскиот куратор Огњан Кузманов се одржа на 13 февруари годинава во галеријата ”Спектра” во центарот на Софија. На отварањето многубројната публика можеше да види дела од 40 автори и слушне поезија од познати бугарски уметници на пишаниот збор. Настанот беше проследен од голем број бугарски медиуми а изложбата ќе трае до крајот на април.

”Ме израдува многубројната публика, прекрасниот амбиент и безпрекорната организација”. – изјави за нашиот портал Игор Љубовчевски –Љубац

”Ме одушеви Софија, културата на народот, меѓусебната почит и заедникување после изложбата. Сите учесници се собравме, со вкусно бугарско вино и традиционални рецепти разменивме искуства и контакти. Поканети сме на есен да реализираме изложба во приморскиот туристички центар Бургас”. – сподели со нас Гордана Винчиќ.