| |

ЕУ комесарот за енергетика: Европа и Бугарија ќе престанат да ја финансираат војната на Русија преку гасот

Европскиот комесар за енергетика, Дан Јоргенсен, изјави дека и Бугарија, заедно со цела Европа, ќе престане да ја финансира руската војна против Украина со парите кои сè уште се плаќаат за рускиот гас, јавува БНР.

„Мора да станеме независни“, изјави комесарот Јоргенсен и му порача на рускиот претседател Владимир Путин: „Никогаш повеќе“.

Тој нагласи дека „Бугарија и вертикалниот гасовен коридор се клучен дел од енергетската безбедност на Европа“.

Министерот за енергетика на Бугарија, Жечо Станков, истакна дека земјата ќе продолжи да биде сигурен енергетски хаб за снабдување на целиот регион.

„Кога станува збор за завршувањето на овој проект, тој ќе биде готов до крајот на 2026 година. Најважно е што со активностите на 60-километарската делница ќе се удвои капацитетот за транзит на гас на источната точка меѓу Бугарија и Романија — од 5 на 10 милијарди кубни метри годишно. Тоа значително ќе придонесе за енергетската независност на регионот“, објасни министерот.

Во однос на санкциите, Станков рече дека веќе е активиран планот за снабдување со горива и дека земјата може да гарантира стабилни испораки, дури и на месечно ниво.

„Бугарските граѓани треба да бидат спокојни — снабдувањето со горива е обезбедено. Што се однесува до рафинеријата, ќе го бараме најдоброто решение, но најважно е да се зачуваат работните места и да се обезбеди сигурност“, нагласи министерот Станков.



Слични Објави