26-годишен прилепчанец со нож го убил татко си
Вчера во 22.00 часот на ул.„Димо Наредникот“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.М.(26) од с.Селце, прилепско, информираат од МВР.
Тој се сомничи дека околу 20.00 часот во семејниот дом во с.Селце, по претходна расправија, со остар предмет му нанел повреди на неговиот татко М.М.(52), кој подоцна починал. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп. По наредба на Јавен обвинител, телото било дадено на обдукција.

