|

30 ноември неработен за администрацијата и за училиштата во Скопје поради министерскиот состанок на ОБСЕ

Врз основа на заклучоците донесени на 199. седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 14.11.2023 година, Министерството за труд и социјална политика известува дека: сите вработени во државната и во јавната администрација на територијата на град Скопје на 29 ноември 2023 година (среда) ќе работат со скратено работно време до 12 часот, а 30 ноември 2023 година (четврток) се определува за неработен ден за сите вработени во државната и во јавната администрација на подрачјето на град Скопје и тој нема да се одработува.

Оваа одлука се однесува и на основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, меѓутоа напоменуваме дека НЕ се однесува на јавните предучилишни установи и на здравствените установи на подрачјето на град Скопје. Информираме дека тие треба да изработат сопствени планови, кои ќе овозможат непречено функционирање на установите.

Се препорачува општините на градот Скопје и Град Скопје да ги спроведат заклучоците.

Воедно, му се препорачува на приватниот сектор на подрачјето на град Скопје, а особено во подрачјето на општина Карпош и општините што гравитираат кон Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и хотелот „Александар палас“ да ги спроведат заклучоците.

Ваквата одлука е донесена поради 30. министерски состанок на ОБСЕ, кој ќе се одржи на 30 ноември и на 1 декември 2023 година во Скопје во организација на Министерството за надворешни работи.



Слични Објави