7 ЧЕКОРИ ВО БОРАБАТА ПРОТИВ ЗАВИСНОСТА ОД ШЕЌЕР
Шеќерот придонесува за производство на допамин и серотонин (хормони на задоволство). Сте забележале дека чувството на среќа што го доживувате кога јадете, на пример, чоколадо, брзо преминува во чувство на раздразливост и нервоза после консумирањето. Современите експерти дошле до заклучок дека шеќерот е вистински наркотик, а отстранувањето на зависноста од шеќер може значително да ја подобри здравствената состојбата на човекот.
За да ви помогнеме во борбата против зависноста од шеќер, нудиме 7 едноставни чекори кои значително може да ја намалат желбите за слатко.
1. Лош и добро шеќер
За да води активен животен стил на човечкото тело му е потребна енергија. И ја добива оваа енергија, главно од јагленхидрати. Но јадењето колачи и слатки (прости јаглехидрати) никогаш нема да ви донесе иста количина на енергија, како што е јадењето житарки, зрна и зеленчук (сложени јаглехидрати). Овие производи се способни да му дадат на телото долго чувство на ситост и да го подобрат варењето на храната.
2. Зголемен процент на масти и протеини во исхраната
За нормално функционирање на телото, потребен е соодветен сооднос на протеини, масти и јагленхидрати. Да, јаглехидратите се главен извор на енергија. Но, протеините, на пример, помагаат да се стабилизира нивото на гликоза во крвта, да се зајакнат мускулите. Исто така и мастите се неопходни макронутритиенти за здравјето на косата, ноктите и забите. Што е многу важно, тие даваат трајно чувство за ситост.
3. Заменители за шеќер
Синтетичките заментели за шеќер (стевиа, еритритол) често имаат негативен ефект врз перформансите на основните функции на телото. Природните пак (медот, агавен сируп и ерусалимски артичок) имаат висока калорична вредност и всушност се исто што и шеќер.
4. Почнете да ги читате етикетите
Кога ќе почнете да го проучувате составот, најверојатно ќе најдете шеќер дури и во производи во кои не сте се надевале, како што се сосови, пијалаци и конзервирана храна. Затоа, подобро е да се даде предност на домашната храна и да се откажете од полуготови производи и печива. Не се купувајте на натписите „не содржи шеќер”. Впрочем, присуството на супстандардни засладувачи во овие производите често дури е со полошо влијае врз вашето здравје од обичниот шеќер.
5. Кажете стоп на „зајадувањето“ емоции
Шеќерот навистина придонесува за производство на хормони на радост и на некое време помага да се справите со чувството на апатија или вознемиреност. Но, оваа иста радост може да се најде и во други активности, без разлика дали тоа е читање, секс, прошетка во паркот или средба со пријател.
6. Сфатете ја важноста на спиењето
Една студија во Чикаго од 2004-тата година вели дека недостатокот на сон е причина за желбата за високо-калорична храна, соодветно храна богата со јагленхидрати. Тоа е зошто придржување кон режимот за спиење (7-9 часа), ни помага да се справиме со желбата за слатко.
7. Не купувајте
Човекот е тешко да се одолее на искушенијата, осбено во „дождлив ден”. Затоа, за да не ја тестирате силата на волја, едноставно само игнорирајте ги многуте искушенија во продавниците.