|

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Куманово: полицајци извлекоа жива глава кога „туран“ удри во нив со голема брзина

Двајца полицајци во службено возило, на кое не му работи левиот фар, се директна цел на автомобил кој со голема брзина се движи на улицата Иво Лола Рибар во Куманово. Зад воланот е 19-годишник, а во автомобилот има уште двајца совозачи.

На видеоснимката се прикажува стравотен судир:

„На 5.2.2023, околу 21.50 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од улиците Иво Лола Рибар и Пиринска Македонија се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ‘фолксваген туран’, со кумановски регистарски ознаки, управувано од А. И. (19) од село Матејче, Липковско, и патничко возило ‘шевролет спарк’, сопственост на МВР. Во незгодата телесни повреди добиле двајца полициски службеници од полициското возило, возачот на возилото ‘фолксваген’ и двајцата негови сопатници, Б. Р. и А. Р., констатирани во Општата болница во Куманово. Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот“, стои во полицискиот билтен.



Слични Објави