86 години од потпишувањето на Крајовската спогодба меѓу Царство Бугарија и Романија
На 7 септември 1940 година во романскиот град Крајова била потпишана Крајовската спогодба, со која Јужна Добруџа била вратена во границите на Бугарија, јавува Армимедија.
Со договорот меѓу Бугарија и Романија бил ставен крај на повеќе од две децении поделба на Добруџа. Јужна Добруџа била присоединета кон Романија по Втората балканска војна во 1913 година, согласно Букурешкиот договор.
Крајовската спогодба овозможила враќањето на областа да се оствари по дипломатски пат, без воен конфликт меѓу двете земји. Во составот на Јужна Добруџа се наоѓаат градови како Добрич, Силистра, Тутракан и Балчик.
На 7 септември во Бугарија се одбележува годишнината од потпишувањето на спогодбата, која зазема значајно место во бугарската национална историја и се смета за еден од најважните дипломатски успеси на земјата во 20 век.
