| |

Нов транспортен коридор ќе ги поврзе Грција, Бугарија и Романија

Нов патен и железнички коридор по правецот Солун–Софија–Букурешт треба да ги поврзе Егејското и Црното Море и да создаде нова стратешка транспортна оска низ Грција, Бугарија и Романија, јавува 24 часа.

Европскиот комесар за одржлив транспорт и туризам Апостолос Ѕиѕикостас на 90. Меѓународен саем во Солун изјави дека станува збор за мегапроект со рок за реализација од околу 15 години.

Од Букурешт коридорот ќе продолжува кон Централна и Западна Европа, како и кон Молдавија и Украина. Според Ѕиѕикостас, новата ос ќе обезбеди копнена алтернатива за превоз на патници и стоки меѓу Егејското и Црното Море.

За модернизација на железничката делница Александруполис–Питио, долга 68,3 километри, се обезбедени 277 милиони евра од Механизмот за поврзување на Европа.

Грција, Бугарија и Романија веќе потпишаа меморандум за прекугранична соработка и координација на инфраструктурните проекти. Коридорот е дел од трансевропската транспортна мрежа TEN-T и од правецот Балтичко Море–Црно Море–Егејско Море.

Слични Објави